НАТО испраќа специјален пратеник во Киев

Сподели со своите пријатели

Членките на НАТО одлучија да испратат специјален пратеник во Киев, проширувајќи го цивилното присуство на западната воена алијанса во Украина, изјави портпаролот на Алијансата за германската новинска агенција ДПА, пренесува ХИНА.

Loading...

Високиот функционер ќе има задача да ја координира политичката и практичната поддршка на Алијансата на терен додека Украина продолжува да се брани од руска инвазија.

Одлуката за испраќање постојан специјален пратеник доаѓа во пресрет на самитот на НАТО од 9 до 11 јули во Вашингтон, каде што се очекува лидерите за првпат официјално да усвојат план за координирање на воената помош за Украина во рамките на официјалната мисија наречена НАТО безбедносна помош и обука за Украина (NSATU).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска, Муцунски на НАТО работен појадок

Засега не се знае кој ќе биде назначен на новата функција во Киев.

Портпаролот рече дека се ќе биде подетално познато по официјалната процедура за избор.

НАТО има официјално претставништво во Киев речиси десет години, вклучително и канцеларија за врски и центар за информации и документација кој постои од 1990-тите.

Ова претставништво, меѓу другото, е задолжено за контакти со украинските министерства и власти за промовирање на политичкиот дијалог и практична соработка.

Новата официјална мисија на НАТО ќе ја надгледува и обуката на украинските војници во земјите членки на НАТО. Досега, земјите-членки на Алијансата ја координираа воената помош не преку самиот НАТО, туку преку неформалната Контакт група за одбрана на Украина предводена од САД.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека соборила 32 руски дронови

Сепак, европските сојузници беа загрижени за тоа колку би можеле да се потпрат на Контакт групата предводена од САД доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември, сомневајќи се во неговата подготвеност да продолжи со воените напори на Украина во војната со Русија.

Седиштето на NSATU ќе биде во Визбаден, Германија.