НАТО испраќа дополнителни дефанзивни трупи во Источна Европа

Сподели со своите пријатели

Лидерите на НАТО денеска најавија дека ќе испратат повеќе војници во Источна Европа откако Русија ја нападна Украина, додавајќи дека Москва лажела за своите намери.

Loading...

„Никој не треба да биде измамен со куп лаги од руската влада“, се вели во заедничката изјава потпишана од лидерите на 30 земји по виртуелниот самит со кој претседаваше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесе Ројтерс.

Сега испраќаме значителни дополнителни одбранбени трупи во источниот сектор на Алијансата, се додава во соопштението без повеќе детали, пренесува Танјуг.