Во Букурешт денеска продолжува состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.
Една од главните теми на денешната средба треба да биде ситуацијата во Босна и Херцеговина.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска треба да се сретне и со министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, со која ќе разговара за дополнителна поддршка за земјата и за безбедносната состојба во регионот.
– Ќе се сретнеме со министрите за надворешни работи на Грузија, Босна и Херцеговина и Молдавија и уште еднаш ќе им пружиме поддршка – рече Столтенберг при вчерашното обраќање пред медиумите.
Тој ќе се сретне и со претставниците на Шведска и Финска, кои ќе имаат можност да присуствуваат на седницата на земјите членки.