Наталија Славева и Александар Тодоров направија прекрасна преработка не песната „Shallow“ од филмот „A star is born. Аранжманот е од Иле Спасов, а видео материјалот е на продукцијата „Фабрика“.
Loading...
– Понесени од прекрасниот филм и прекрасната сентиментална балада “Shallow” се одлучивме заедно со Александар , да направиме нова верзија, со нов аранжман , кој брилијантно го направи Иле Спасев. Особено ми е мило што успеавме да снимиме и видео за кое се погрижија Фабрика Продукција, а видеото е снимено во Enterprise Recording Studios. Се надеваме дека на публиката ќе и се допадне нашата изведба , и со овој препев ќе ја дополниме предновогодишната еуфорија, изјави Славева.