Уште од осумдесетите години на минатиот век научниците откриле врска помеѓу системите на пдоводни локации или сонари и намерното насукување на китовите на плажите, а сега шпанските експерти појаснуваат и зошто е така.
Имено, изгледа дека звучниот импулс на сонарите ги плаши китовите затоа што во нивниот организам тоа предизвикува налети на адреналин предизвикувајќи притоа смртоносни промени кои негативно влијаат на обично освршено прилагодената техника за пливање на овие големи цицачи.
Проучувајќи примери од масоново насукување на китовите, шпанските експерти установиле дека во нивните тела во моментот кога чувствуваат близина на сонари се случува нешто како декомпресирана болест (кислородна или нуркачка болест). Притоа многу се плашат, а нивните вени се исполнети со балончиња азот, што резултира со тешко крварење во мозокот, но и оштетување на останатите органи.
– Кога чувствуваат дека сонарот им е близу се плашат и настојуваат да избегаат што побрзо и што подалеку од изворот на звукот, менувајќи ја притоа вообичаената насока на пливањето. Тогаш се под огромен стрес, рекол еден од научниците Јар Берналдо де Кирос од шпанскиот универзитет Лас Палмас де Гран Канариа.
– Стресот влијае на нивниот вообичаен образец за пливање поради што во телото им се акумулира азот, па на крајот овие животни угинуваат во агонија, додал тој.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Royal Society Journal Proceedings B“.