На товарниот брод што се насукал во североисточна Јапонија, денес е откриена голема штета, и е утврдено дека истекува нафта, изјави крајбрежната стража.
Бродот е поместен и закотвен во близина на брегот, пренесува агенцијата Кјодо.
„Кримсон Поларис“, кој пловел под знамето на Панама, се насукал во средата во близина на пристаништето Хачиноха, во префектурата Аомори.
Екипажот првично успеал да ја врати контролата врз бродот, кој носел пилевина од Тајланд, но наскоро станало невозможно да се контролира, поради што морнарите го фрлиле сидрото на четири километри од брегот.
Рано утрово, предниот дел од бродот се распадна и нафтата почна да истекува, додаде крајбрежната стража, а целиот екипаж, кој се состои од 21 член, бил спасен.