Наставниците во Венецуела имаат плата од 20 долари

Сподели со своите пријатели

Платата на наставник во Венецуела е околу 20 долари месечно, што е околу пет отсто од сумата потребна за прехранување на петчлено семејство во таа јужноамериканска земја.

Loading...

Поради лошите плати и условите за работа, наставниците во јавните училишта демонстрираа низ целата земја оваа година, барајќи повисоки плати и повеќе владини средства за образованието.

Агенцијата наведува дека Владата не ги исполнила своите ветувања за зголемување на платите на јавните работници, па многу од нив мака мачат да ги прехранат своите семејства.

Поради лошите услови за работа и ниските плати, меѓу 2018 и 2021 година, околу 68.000 наставници од основните и средните училишта ја напуштиле Венецуела, според истражувањето на меѓународната консултантска фирма DevTech Systems Inc.