Станува збор за договор меѓу Европските компании и институциите на ЕУ од 2019 година, кој потона во заборав. Ова може драстично да го промени светот на автомобилите и воопшто патниот транспорт.
Оваа одлука треба да стапи на сила во 2022 година, што значи дека оттогаш сите нови автомобили ќе бидат опремени со ограничувач. Не мислиме на класичните ограничувачи кои работат со 250 км на час. Судејќи според најавите, границата ќе биде значително пониска и зависи од голем број фактори.
Имено, овој систем треба да користи податоци за позиционирање на GPS, системи за читање сообраќајни знаци и веројатно извештаи за состојбата на патот. Ова значи дека ограничувачот би работел на сите јавни патишта, од градски улици до празни автопати.
Рори Рид исто така зборуваше за оваа тема и сними видео во кое објасни што можеме да очекуваме во иднина.
Автомобили хомологирани пред 6.7.2022. ќе треба да ја усвојат технологијата до 2024 година. За работењето на системот не се знае многу.
Законот ќе се однесува на целата ЕУ, вклучително и на Обединетото Кралство, и се претпоставува дека тој ќе го придвижи светот посилно кон имплементација на системи за автономно возење.