САБА ќе биде првото средно стручно приватно училиште во Куманово кое наскоро ќе започне со работа. Во училиштето ќе има настава за бизнис и администрација, информатика и туризам.
Самото име САБА значи средношколска академија за бизнис и администрација, односно е средно стручно училиште каде што има четири насоки, правен, економски, информатика и туризам. Наставата се одвива на македонски јазик и се работи во мали групи од 10 до максимум 15 ученици. Она по што се разликува САБА од државните училишта е тоа што за разлика од државните каде што во една учебна година учениците учат по 12-13 и повеќе предмети во САБА наставата е концентрирана на 6до 7 предмети годишно. Тие предмети се од областа на насоката која ќе ја одбере ученикот. Ако некој сака да учи насока информатика покрај задолжителните предмети учи само предмети од област на информатиката, ако сака бизнис или економски смер, учи само од областа на економијата. Не се учат предмети кои не се потребни за тие насоки. Ученикот се концентрира и го учи она што сака уште од прва година средно – изјави Ангела Неновска, координатор на училиштето САБА
Деновиве се прават презентации кај деветооделенците во основните училишта низ градот, а како што вели Неновска како стручно училиште многу внимание псоветуваат на праксата, која се одвива во приватни компании и е задолжителна за учениците.
Покрај оваа пракса сите ученици кои учат во САБА имаат можност да излезат на пракса надвор од нашата држава односно секоја година се организираат двонеделни пракси во неколку европски држави оваа година имаме групи на ученици кои беа на пракса во Италија, Германија, Португалија, Шпанија таму имаат можност преку Еразмус програмата да одат и да работат во компании во зависност од насоката која ја учат. Тоа е можност која е оживотно искуство за сите ученици, покрај наставата која редовно ја следат во училиштето, имаат и една ваква несекојдневна можност – додава Неновска.
Училиштето работи веќе 10 години во Скопје, во 2008 започна со работа во Битола, а во Штип во 2014. Цена за една учебна година е 1.500 евра, а секоја година за уписи до први мај ќе има и попуст од 10% со можност за плаќање на 6 до 12 месечни рати.