Руското Министерство за надворешни работи денес го осуди затворањето на рускиот конзулат во Полска, кое го објавија полските власти, ветувајќи „соодветен одговор“.
„Варшава продолжува намерно да ги поткопува односите… Наскоро ќе следи соодветен одговор на овие несоодветни мерки“, изјави портпаролката на руското министерство, Марија Захарова, објавија руските агенции.
Полското Министерство за надворешни работи утрово објави дека го затвора рускиот конзулат, чии тајни служби беа обвинети претходниот ден за нарачување на голем пожар во Варшава минатата година.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле саботажа против трговскиот центар, решив да ја повлечам мојата согласност за работата на рускиот конзулат во Краков“, напиша полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на социјалната мрежа X.