Одлуката за исфрлање на Русија од глобалниот платен систем SWIFT ќе биде донесена во следните неколку дена, изјави за Ројтерс еден од гувернерите на една од централните банки во ЕУ.
Loading...
„SWIFT е само прашање на време, тоа ќе се случи наскоро, во наредните денови“, рече еден од 27-те гувернери од земјите-членки на Европската централна банка, кој сакаше да остане анонимен, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека ваквата одлука е апсолутно неопходна.
„Дали е доволна таа одлука? Не. Дали е потребна? Апсолутно. Санкциите можат да имаат смисла само ако има цена што некој ќе ја плати, а оваа ќе чини“, вели банкарот.
Што е SWIFT и зошто Западот не сака да го користи против Русија?