Пред точно 18 години за прв пат беше емитувана првата македонска детска серија „Наше маало“.
Серијата имаше за цел да ја промовира мултиетничноста, да ги научи најмалите на разбирање и меѓусебно почитување без оглед на разликите, а несомнено беше една од најпопуларните. На одредени генерации серијата им го одбележа детството и несомнено чекавме со нетрпение да ја гледаме секоја епизода.
УСАИД Македонија беше еден од главните покровители на снимањето, а денеска ги собраа на едно место актерите на серијата. Тие се веќе возрасни луѓе, дел од нив имаат и свои деца, но несомнено со гордост се сеќаваат на моментите од снимањето во кое веруваме уживале како деца.
Loading...