Населението во ЕУ се намалува втора година по ред

Сподели со своите пријатели

Населението на Европската унија во 2021 година се намали втора година по ред, соопшти Заводот за статистика на блокот, бидејќи регионот закрепнува од повеќе од два милиони смртни случаи од КОВИД-19.

Loading...

Според Евростат, населението на 27-те земји кои го сочинуваат блокот се намалило за речиси 172.000 луѓе во однос на претходната година и за повеќе од 656.000 од јануари 2020 година.

„Во 2020 и 2021 година, позитивната нето миграција повеќе не го компензира негативниот природен прираст во ЕУ, а како последица на тоа, бројот на жители се намали“, соопшти агенцијата, посочувајќи на последиците од пандемијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно предупредување за Европа, зимска бура доаѓа од Арктикот!

Смртните случаи почнаа да ги надминуваат раѓањата во ЕУ пред една деценија, но имиграцијата надвор од блокот помогна да се премости јазот до првата година од пандемијата.

Бројот на жители падна само еднаш

Последен пат Европската унија регистрираше пад на населението во 2011 година, единствениот пат од 1960 година, но брзо се ублажуваше благодарение на нето миграцијата, објави Фена, повикувајќи се на Ројтерс.

Земајќи ги во предвид пандемијата, стареењето на населението и ниската стапка на природен прираст, Евростат соопшти дека бројот на смртни случаи треба да продолжи да го надминува бројот на новородени во наредните години.

„Доколку е така, падот или растот на вкупниот број жители на ЕУ најверојатно во голема мера ќе зависи од придонесот на нето миграцијата“, велат од Евростат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бездомник обвинет за убиство на три лица во центарот на Њујорк

Додека Италија, Полска и Романија забележаа најголем пад на населението, повеќе од половина од земјите-членки на ЕУ забележаа раст на населението, предводени од Франција, Холандија и Шведска.

Loading...