Паркинг просторот кај „Шипад“ во населбата Гоце Делчев е целосно завршен – асфалтиран, уреден и подготвен за користење, соопшти денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
„Со ова граѓаните добиваат уреден и функционален простор за паркирање“, истакна Димитриевски, додавајќи дека проектот е уште еден чекор кон поурбано и пофункционално Куманово.
Претходно беше поставен бекатон на краците 1, 2, 3, 4 и 5 на улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо.
Никола Ивановски