Жителите на населбата Доброшане денес ќе останат без електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Прекинот настанува поради интервенција на ЕВН Македонија во електро дистрибутивната мрежа што ќе донесе зголемување на квалитетот на услугата на самите корисници.
Во останатиот дел од градот според ЕВН снабдувањето се одвива нормално и без пречки.