НАСА во понеделник објави дека пронашла 10 потенцијално населиви планети.
Тие планети се дел од групата од 219 егзопланети кои вселенската агенција ги открила при презентирање на осмиот по ред каталог на планети на Кеплер.
Планетите отприлика се големи како Земјата и од своите ѕвезди се одалечени доволно за да на нив може да се живее. Нешто помалку од половина од тие планети кружат околу ѕвезди со слична големина како Сонцето.
Податоците презентирани во каталогот на Кеплер се уникатни, бидејќи се работи за еден каталог кој содржи листа планети кои се со слична големина и орбита на Земјата – вели Марио Перез, научник кој работи на Кеплеровиот програм во наса во Одделот за астрофизика.
Loading...