Американската агенција НАСА предупреди дека од Антарктикот наскоро ќе се оддели џиновски глечер, пренесува агенцијата Анадолија.
Loading...
Во соопштението на НАСА стои дека станува збор за глечер кој е двојно поголем од површината на Њујорк, а кој наскоро ќе се одвои од антарктичкиот леден масив Брунт.
Научниците утврдиле големи кратери кои претставуваат последна фаза во одвојувањето на глечерот, а доказ за тоа се и споредбени сателитски снимки направени на 30 јануари 1986 година и 23 јануари годинава.
Истражувачот Џо Мекгрегор тврди дека глобалното затоплување го забрзува топењето на ледот и на Антарктикот, а дека пукнатините на глечерот Брунт се доказ за тоа.