НАСА откри две нови одалечени планети

Сподели со своите пријатели

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој бара нови светови надвор од Сончевиот систем, откри две одалечени планети, пет месеци по лансирањето, соопштуваат надлежните.

Сателитот TESS ги открил „супер Земја“ и „жешка Земја“, планети во соларниот систем кои најмалку 49 светлосни години се одалечени од нас, што е вистинско откритие на сателитот по лансирањето од Флорида во април.

Научничката Сара Сигер наведува дека овие планети се претопли за да на нив има живот, но додава дека од телескопот се очекуваат уште откритија.

АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!

– Мораме да почекаме за да видиме што се ќе открие TESS. Знаеме дека постојат планети, расфрлани на небото, кои само очекуваат да бидат пронајдени, рекла таа за Ројтерс.

Мисијата на сателитот ќе трае две години и чини 337 милиони долари, а целта е да се прошират знаењата на астрономите за  т.н. егзопланети, кои кружат околу одалечените ѕвезди.

TESS ја продолжува работата на својот претходник, вселенскиот телескоп Кеплер, кој открил околу 3.700 егзопланети за време на претходните 20 години, пред да остане без гориво. НАСА очекува дека ќе наиде на илјадници досега непознати светови, можеби и стотици планети со големина на Земјата или двојно поголеми.

Сателитот досега идентификувал најмалку 73 ѕвезди околу кои можеби кружат и егзопланети.

Leave a Reply