Откако вселенскиот телескоп Џејмс Веб нè почести со слики од длабока вселена, маглини и јата на галаксии оваа недела, НАСА објави неверојатна фотографија од Јупитер направена од телескопот за време на тестирањето.
Кога тимот на Џејмс Веб го калибрирал инструментот, тие го фотографирале Јупитер за да видат дали може да се користи за набљудување на блиските небесни објекти како Месечината и астероидите, како и други елементи како прстените на планетите. Одговорот не само што е потврден, туку и телескопот ги надмина очекувањата, пренесува tportal.hr.
Hey @NASASolarSystem, ready for your close-up? As part of Webb’s prep for science, we tested how the telescope tracks solar system objects like Jupiter. Webb worked better than expected, and even caught Jupiter’s moon Europa: https://t.co/zNHc724h9X pic.twitter.com/tW9AT5ah6T
— NASA Webb Telescope (@NASAWebb) July 14, 2022
Фотографијата направена од блиско-инфрацрвената камера на телескопот (NIRCam) јасно ги покажува посебните појаси на гасниот гигант, како и неговата месечина Европа. Големата црвена дамка е исто така совршено видлива, иако изгледа бела поради начинот на обработка на сликата.