НАСА: Нашата галаксија има 300 милиони населиви планети

Сподели со своите пријатели

Вселенскиот телескоп Кеплер помина девет години во потрага по планети на кои би можело да се живее и успешно лоцираше илјадници егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018 година.

Loading...

Сепак, останува прашањето – колку од овие планети се погодни за живеење, пренесува CNN.

Астрофизичарите со години собираат податоци од Кеплер и веруваат дека го нашле одговорот, а според истражувањето објавено во „Астрономски весник“, на Млечниот пат има околу 300 милиони потенцијално населиви планети, што значи дека тие се цврсти планети со вода.

Тоа може да биде само груба проценка и не е невозможно да има многу повеќе од 300 милиони планети за живеење, објави НАСА во последниот билтен.

Некои од планетите што можат да бидат населени може да бидат оддалечени околу 20 светлосни години.

„Кеплер веќе ни покажа дека има милијарди планети во нашата галаксија и сега знаеме дека добар дел од тие планети може да бидат карпести и погодни за живеење“, изјави истражувачот на НАСА, Стив Брајсон.

Leave a Reply