НАСА: На Месечината до 2024, на Марс до 2033 година

Сподели со своите пријатели

Враќањето на американските астронаути на Месечината, најавено е за 2024 година и треба да се подготви доаѓањето на првите луѓе на марс во 2033 година, изјави директорот на Американската вселенска агенција НАСА; Јим Бриденстин.

Loading...

– Сааме да слетаме на Марс во 2033 година, рекол на сослушувањето во Конгресот на САД. Слетувањето на Марс можеме да го унапредиме така што ќе го унапредиме и слетувањето на месечината. Месечината е почетен полигон, а пренесуваат агенциите.

Американската вселенска агенција е под притисок од минатата недела, кога американскиот претседател, преку својот потпретседател Мајк Пенс, за четири години ја скрати временската рамка за враќање на Месечината, од 2028 година на 2024 година, што ќе биде последна година од вториот мандат на Трамп доколку го освои.

Мисијата на Марс ќе трае најмалку две години, затоа што само за лет до Црвената планета ќе се потрошат шест месеци, а летото до Месечината трае три дена.

Летото и враќањето од Марс се можни само кога планетата е на истата страна на Сонцето како и Земјата, што е на секои 26 месеци и ќе се случи во 2031 година, потоа во 2033.

На прашањето на претседателката на Одборот за наука на Претставничкиот дом, Еди Бернис Џонсон, колку ќе чинат мисиите, првиот човек на НАСА рекол дека ќе ги извести до 15 април.

Leave a Reply