НАСА го впери објективот, а Сонцето се „насмеа“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Опсерваторијата за соларна динамика на НАСА ја сними „насмевката“ на Сонцето.

Loading...

Гледани во ултравиолетова светлина, овие темни дамки на Сонцето се познати како коронални дупки и се области каде брзиот сончев ветар блика во вселената, напишаа покрај фотографијата.

Опсерваторијата Solar Dynamics има за цел да истражи како сончевата активност создава и влијае на времето во вселената.

Лансиран на 11 февруари 2010 година, леталото на опсерваторијата ја мери внатрешноста на сонцето, атмосферата, магнетното поле и излезната енергија на Сонцето.

Откако беше објавена, фотографијата предизвика голем број коментари на интернет, при што многумина ја споредија сликата со врежана тиква, лав и сонце за Ноќта на вештерките прикажани во детската емисија Телетабиси.

И покрај пријателскиот изглед, експертите предупредуваат дека короналните дупки на Сонцето може да значат соларна бура што ќе ја погоди Земјата во сабота.

Сончевите бури се различни ерупции на маса и енергија од површината на Сонцето кои пак го деформираат магнетното поле на Земјата.

Како резултат на тоа, овие бури ја зголемуваат видливоста на северната светлина, позната и како поларна светлина, на северната и јужната хемисфера.

Loading...