НАСА го избира SpaceX за да го оствари летот до Европа, месечината на Јупитер

Сподели со своите пријатели

Ова е прва мисија на НАСА до Европа и нејзината цел е да утврди дали има услови за живот. Ќе се спроведе детално истражување на сателитот на Јупитер.

Loading...

НАСА во петокот објави дека го избрала „SpaceX“ за летот на Европа, замрзнатата месечина на Јупитер, оваа е голема победа за компанијата на милијардерот Илон Маск.

Ова е прва мисија на НАСА во Европа. Ќе се спроведе студија за овој сателит, кој е малку помал од месечината на Земјата и е водечки кандидат кога станува збор за потрага по живот на друго место во Сончевиот систем.

 

 

Мисијата Европа Клипер ќе започне во октомври 2024 година со ракета Фалкон Хеви од вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Вредноста на договорот е околу 178 милиони долари.

Loading...

Претходно, системот за вселенско лансирање (СЛС) на НАСА требаше да учествува во мисијата, но програмата се соочува со одложувања и надминување на трошоците и сеуште не е во функција.

Други цели на мисијата „Европа клипер“ вклучуваат правење на слики со висока резолуција од површината на Европа, одредување на составот на површината, барање знаци на геолошка активност, мерење на дебелината на ледената плоча и одредување на длабочината и соленоста на нејзините океани, додаде НАСА.