Народот Бајау скоро половина од животот го минуваат во нуркање на 70 метри длабочина

Сподели со своите пријатели

Бајау, народ од Малајскиот архипелат, го минува скоро целиот свој живот на море. Тие живеат или во чамци или во колиби сместени на плитки гребени и мигрираат од место на место во флоти кои можат да примат цели кланови. Нивната исхрана се состои од морски плодови и животни кои самите ги ловат.

Loading...

Нуркачките способности им се неверојатни. Понекогаш се спуштаат на повеќе од 70 метри длабочина и долго можат да издржат под вода, без современа опрема за нуркање. Поголемиот дел од нас можат да задржат здив под вода на неколку секунди, некои на неколку минути, но групата од племето Бајау може да нурка и до 13 минути.

Овие номадски луѓе живеат во води кои се околу Филипини, Малезија и Индонезија, каде нуркаат за да ловат или бараат природни елементи кои можат да се користат во занатите.

Племето Бајау долго е застапено на овој архипелаг. Некои истражувања велат дека тука се повеќе од 1.000 години. Многумина претпоставувале дека Бајау се народ кој има генетски предиспозиции за прилагодување на ваков специфичен начин на живот, а одредени научни истражувања ги потврдиле тие тези.

Тајната е во обемот на слезината?

Од сите органи во човековото тело, слезината можеби е најспецифична. Технички можете да живеет ебез тој орган, но додека го имате, тој орган помага во зачувување на имунолошкио систем и рециклирање на црвените крвни зрнца.

Досегашните истражувања покажале дека слезините на морски цицачи кои поголем дел од животот го минуваат под вода се непропорционално големи.

Професорката Мелис Лардо од Центарот за геогенетика при Универзитетот во Копенхаген сакала да открие дали истото важи и за луѓето при нуркање. За време на престојот на Тајланд, слушнала за морските номади и била импресионирана од нивните надчовечки способности.

Loading...

– Сакав првин да се запознам со заедницата, а не само да се појавам таму со научна опрема. Кога втор пат ги посетив, понесов преносен апарат за ултразвук и останата медицинска опрема. Посетивме различни куќи и ги снимавме нивнит еслезини. Беа изненадени дека сме слушнале за нив, рекла таа.

Исто така, земала податоци од сродни групи луѓе, наречени Салуан, кои живеат на индонезиското копно. Споредувајќи ги двата примероци во Копенхаген, нејзиниот тим открил дека средината големина на слезинат ана Бајау личност е 50 отсто поголема од истиот орган кај човек од племето Салуан.

Устражувалите исто така пронашле ген наречен PDE10А, за кој се смета дека конторлира одреден хормон на штитната жлезда. Таков ген имаат сите припадници на Бајау, но со племето Салуан тоа не е случај.

Нивните бели дробови се навикнати на притисок

Додека слезинат аможе делумно да објасни како Бајау нуркаат толку длабоко, постојат и поинакви одговори на оваа прашање, тврди Ричард Мун од Медицинскиот факултет Универзитет Дјук. Мун проучува како човечкото тело реагира на големи височини и екстремни длабочини.

Како човекот нурнува подлабоко во водите, се зголемува притисокот и доведува до тоа крвните садови на белите дробови да примаат значително повеќе крв. Во екстремни случаи, садовит еможат да пукаат, што често доведува до смртен исход. Покрај генетски наследените адаптации, редовната обука би можела да помогне во спречување на истото.

Синтиј Бил, антрополог од Универзитетот Кејс Вестерн Ривер, која ги проучувал луѓето кои живеат на екстремно високи надморски височини, вклучително и Тибетанци, за кои се смета дека живеат на „кровот на светот“. Таа мисли дека студиите на Мелиса Ланрдо отвораат интересни истражувачки теми и можности, но дека треба повеќе да се фокусира на мерливите биолошки можности.

– Освен обимот на слезината, порелвантно е да се мери јачинат ана контракции на тој орган, вели таа.

Loading...

Што може да се заклучи од сето ова?

Освен што сфатила дека Бајау станале толку добри слободни нуркачи, Лардо вели дека наодите имаат медицински импликации.

Одговорот на нуркањето е сличен на медицинската состојба која се вика акутна хипоксија, во која луѓето доживѕваат брзо гување на кислородот. Состојбата често е причина за смрт во собите за итни случаи. Проучувањето на Бајау би можело многу да открие за новие околности и за разбирање на хипоксијата.

Меѓутоа, начинот на живот на морските номади веќе е загрозен. Тие се сметаат за маргинализирани групи кои не ги уживаат истите права како и нивните сонародници од копното. Зголемениот број индустриски риболов го отежнува опстанувањето на локалните залихи. Како резултат на тоа, може да одлучат да го напуштат морето.

Без поддршка на нивниот начин на живот, Лардо се грижи дек аплемето Бајау нема да биде присутно уште долго на местата каде сега опстојува, како ниту лекциите за здравиот живот.

Leave a Reply