Шпанската полиција растури синџир на дрога за кој се сомневала дека симулира несреќи на отворено море, вклучително и напад на орки, со цел да шверцува хашиш од Мароко.
Британски Гардијан објави дека шпанската полиција уапсила две лица во рамки на истрагата што ја започнала минатата година и запленила 172 килограми хашиш и над 63.000 евра, пренесува РТС.
Во соопштението на полицијата се вели дека групата наводно натоварувала дрога на едрилици во Мароко, а во шпанските води „ќе лажира дефект или несреќа и ќе побара помош за да го влече бродот до пристаништето“.
Spanish police bust drug ring suspected of faking orca attack to aid smuggling https://t.co/uM59H6IF53
— The Guardian (@guardian) February 10, 2022
Во јуни 2021 година, јахта користена од нарко – банда се закотвила во јужното пристаниште Барбата, откако наводно претрпела напад од китови убијци додека го преминувала Гибралтарското Море, се додава во соопштението.
Минатата година шпанските власти привремено им наредија на сопствениците на помалите бродови да се држат настрана од делови од јужниот брег на земјата по извештаите за повеќе од 50 средби со бучни орки, вклучително и неколку во кои чамците морале да се влечат на брегот.
Откако ќе стигнела до шпанскиот брег, групата ќе го пренесела хашишот во складиште во јужната провинција Кадиз, од каде потоа ќе бил испорачан низ целата земја.
Близината на Шпанија со Мароко, главен производител на хашиш, ја направи најпогодна влезна точка за дистрибуција на дрога низ Европа.