Наришкин: Русија ќе ја задржи својата позиција на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Русија ја задржува својата позиција на Блискиот Исток како влијателен играч, изјави денеска директорот на Руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.

Loading...

„Земјите од арапскиот свет и Турција го разбираат ова“, изјави тој за Тас.

Во овој поглед, нема губење на руските позиции во регионот на Блискиот Исток, додаде Наришкин, коментирајќи ги пишувањата на западните медиуми.

Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија не планира да го напушти Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека рамнотежата на силите на Блискиот Исток мора да се одржува врз основа на Повелбата на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шојгу: Расте ризикот од конфликт на нуклеарните сили

Истовремено, треба да се стремиме ниту една држава да не се обидува да ги користи нормите на меѓународното право за свои себични интереси, нагласи рускиот лидер, пренесува Танјуг.