Вкупно 800 станови од пет солитери во сверниот дел на Лондон ќе бидат евакуирани веднаш за да се вгради заштита од пожари, соопштуваат лондонските власти.
Евакуацијата ќе биде спроведена веднаш затоа што не можеме да бидеме сигурни дека станарите се безбедни – ијзавил Џорџ Гулд, градоначалник на Лондон.
Одлуката е донесена девет дена по пожарот во солитерот во западниот дел на Лондон каде загинаа вкупно 79 лица.
ВО солитерот живееа сиромашни луѓе кои примаат социјална помош и тие со години се жалеле на проблеми со струјата, поради што зградата минатата година и била реновирана.
Ноќта измеѓу 14 и 15 јуни се запали и брзо изгоре, најверојатно поради тоа што при реновирањето бил вграден ефтин, запаливо термо-изолациски материјал.
Loading...