Селото Конзоно се наоѓа во падините на Алпи во Италија, а во светот е познато по Светскиот натпревар во играње криенка. Насцодино, односно криенка на италијански јазик, е натпреварувањето во оваа претежно детска игра.
Оснивачите спонатно дошле на идеја да покренат вакво необично натпреварување кога на една роденденска забава играме криенка и мислеле дека би било совршено од тоа да направат настан за јавноста.
Село во кое 250 парови имаат близнаци: Феноменот е мистерија (ВИДЕО)
Иако започнало како шега, натпреварувањето станало многу популарно. Бергамо бил домаќин на Насцодино првите шест години, а потоа е преселен во Конзоно.
Организаторите сметаат дека селото е совршено за играње криенка затоа што е напуштено.
За разлика од „вистинската криенка“, во оваа натпреварувањ еможат да учествуваат само возрасните додека децата се само набљудувачи.
Натпреварувачите се дела во две екипи по петмина, а за да учествуваат, поединечно мора да платат 125 евра по тим колку што изнесува котизацијата. Натпреварувачите потоа се делат во четири групи каде во криењето учествува по еден натпреварувач од секоја група, додека „неутралниот играч“ одбројува 60 секунди. Потоа играчите имаат десет минути да го надмудрат трагачот, да излезат од своите засолништа и да пристигнат до целта.
Село во кое наместо со пари, мештаните сè плаќаат со кокаин (ВИДЕО)
Целта е дебел душек кој наликува на голем „лејзи-бег“ сместен во центарот на полигонот. Играчот кој пред трагачот ќе се фрли на душекот, ја исполнил својат амисија. Доколку трагачот го пронајде сокривачот, а тој не се појави од засолништето во пропишаниот рок, двајцата губат и остануваат без поени.
Делува еднсотано, но има една финта. Тимот трагачи го составуваат многу брзи членови избрани од тимови играчи на рагби, па нивното претекнување и совладување бара кондиција и сила.
Наградата е трофеј. Симболично, се работи за „Златен лист“, а трофејот е инспириран од листот кој ги криел срамните делови од телата на Адам и Ева.
Село во кое четири години никој не пие алкохол, во продавниците има само два пијалоци (видео)
Натпреварувањето се одржува претежно кон крајот на август или почетокот на септември.
Фото: Printscreen Youtube/CTRL magazine