Венецуела, а со самото тоа и главниот град Каракас, познати се по големиот број социјални разлики и борби, но и по тоа што тука живеат навистина убави луѓе кои илјадници долари трошат на пластични операции, додека владата се бори да ја нахрани популацијата која неконтролирано расте во своето сиромаштво.
Токму во тој најсиромашен дел на градот се наоѓа и најголемиот солитер во светот, кој со време станал вистинска сиромашна населба, односно т.н. „слам“.
Loading...
Наречен е симболично Давидова кула, има 45 ката и претставува своевиден споменик на пропаста на банкарскиот систем во оваа држава, со оглед дека требал да биде финансиски центар и гордоста на Каракас.
Откако била прекината изградбата на солитерот, пред приближно 20 години, по повлекувањето на бројни банкарски фирми од оваа земја, таа останала полузавршена и се претворила во она што може да се опише како најголема сиромаштија во светот.
Во градот во кој треба дополнителни два милиони станови за сиромашните, во 2007 година овој слој граѓани на Каракас, кои се и најбројни, го заземале солитерот кој тогаш се уште бил во изградба.
Со годините тука се доселувале семејства кои се размножувале и растеле, така набргу Давидовата кула станала држава во држава, со свои сопствени правила, професии, своја хиреарија и влада, каде точно се знае кои правила каде важат, а секако никаде вредност немаат правилата на државата Венецуела.
Додека некои оваа градба ја нарекуваат дом, за многумина таа е збиралиште на крадци. Оние кои живеат во неа велат дека им е далеку побезбедна од луиците на Каракс од кои избегале.
Има многу повеќе ред тука и помалку криминал за разлика од улиците – вели Таис Руиз.
Како и многумина кои тука живеат, Руис го напуштила старото место каде живеела на истокот на Каракас во 2010 година и се преселиле во четворособен апартман, каде живее со мажот и петте деца. Семејството првин живеело во шатор, во просторија која инаку требало да биде луксузна канцеларија. Со време собрале стар мебел, цигли, па дури и опрема за скара и направиле нешто што сега го нарекуваат дом.
Никогаш не сум живеела во стан. Тука ми е удобно сега. Таму каде што живеев претхоно, мафијашкит епресметки беа секојдневие. Еднаш пронајдов труп на прагот. Погледнете не сега – вели Руиз.
Ова е една од ретките згради која е „заземена“ мирно, без насилство и улични војни, кои се воделе околу некои други напуштени згради. ходниците се чисти, натписите со куќен ред и правила на однесување се закачени насекаде, а секој прекршок строго се казнува.
Loading...
Иако зградата не е завршена, првите 28 ката се сигурни за живот, иако било потребно станарите да извршат некои дополнителни преправки. Исто така морале самите да воведат струја и вода. Семејствата плаќаат околу 32 долари месечно, за одржување на зградата, а тие пари делимично се трошат и на полициските патроли. некои сепак тврдат дека никогаш немале најдобри услови за живот.
Некои ја погледуваат зградата и гледаат криминалци, бедници и пропаднати животи. Другите ова место го нарекуваат свој дом, затоа што „убаво е да се има кров над глава за време на ноќта, па каков и да е“.
https://www.facebook.com/Vocativ/videos/1679710835374478/