Напуштен град станува оаза на марихуаната: Се отвораат фарми за канабис, а ќе има и посебен производ (фото)

Сподели со своите пријатели

Во 1905 година, сточарите и караваните минале низ градот Ниптон во Калифорнија на периферијата на пустината Мохава. Тогаш поради златната грозница во овој град се доселиле рударите. Сега во 2017 година, во овој град пристигнува марихуаната, пишува „Бизнис инсајдер“.

 

Loading...

 

„Американ Грин“, компанија која се заимава со марихуана и давање совети, го купила овој мал град за околу 4,2 милиони евра во намера да го претвори во туристичко место.

Ова место има само шестмина жители, според пописот од 2016 година, а компанијата предвидува тука да направи фарми за марихуана кои туристите ќе може да ги посетуваат.

 

 

Степан Шеарин, консултант кој работи за „Американ Грин“, вели дека целта им е да направат заедница полна со разбирање што се однесува до употребата на марихуана, која според федералните закони е нелегална.

Немаме идеја да направиме „Вудстон 2017“, туку тоа да биде заедница каде луѓето ќе доаѓаат да работат и да споделуваат – вели тој.

 

Loading...

Сопствениците сакаат да им понудат на жителите можност да работат за нивната компанија која е основана во 2009 година.

Тие произведуваат и продаваат масло од канабис, како и разни видови канабис кои немаат психоактивни ефекти кои обично ги има марихуаната.

 

 

Еден од првите производи кои ќе бидат направени во Ниптон е вода од канабис.