Направил хаос на бензинска пумпа: На 1 април поделил над 26.000 литри бензин (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако го преименувал „Ден на шегата“ во „Априлски ден на горивата“, тој направи стотина метри долга колона пред бензинската пумпа.

Loading...

Ерни Бох Џуниор. наместо првоаприлска шега, тој организираше акција во која ќе подели дури 7.000 галони бензин, што е околу 26.500 литри, на сите што ќе му се придружат во текот на денот кога сите се шегуваат. Тој на својот Фејсбук профил го најавил својот „ден на бензинот“ и вети дека ќе донира гориво во вредност од над 30.000 долари.

Американците, секако, полудеа по бесплатен бензин, па целата планирана сума беше поделена за само два часа. За да биде подобро, првите возачи се наредија веднаш по објавувањето, околу 21 часот и 30 минути и чекаат цела ноќ се до отворарање на бензинската пумпа.

 

 

Изненаден што се појавија значително повеќе од планираните 400 возачи, Бох реши да ја продолжи акцијата за сите што пристигнаа од подалечни места .

„Никогаш не сум доживеал вакво нешто, оваа е совршено “, рече Патрик Хејнс, еден од среќниците што доби полн резервоар гориво. „Бензинот буквално го јаде паричникот на сите, вклучително и мојот, и мислам дека ова ги врати сите пари што ги потрошивме за поскапо гориво“, изјави Хејнс за локална ТВ станица.

Loading...

Америка се соочува со драстично поскапување на горивата. Цената за галон моментално е 4,06 американски долари.

Во Масачусетс, каде што се наоѓа „среќната бензинска пумпа“, цената веќе се приближи до границата од 1,06 евра за литар. Цените на горивата толку поскапеа што и во Америка се почести се кражбите на гориво од паркираните автомобили.

„Наполнив гориво во автомобилот на еден пријател и бројачот покажа 107 долари. 107 долари за полнење на автомобилот, така што тоа не е нормално. Затоа мислев дека треба да направам нешто и така настана Денот на горивата во април“, објасни Бох.На оваа интересна акција за помош на локалната заедница.