Направете селфи фотографија и проверете го вашето здравје

Сподели со своите пријатели

Google дизајнираше апликација која им овозможува на корисниците да го проверуваат своето здравје преку телефон.

Loading...

Повеќето корисници на уреди што се носат како што се фитнес нараквици или паметни часовници го следат нивното здравје со овие уреди.

Особено ако се занимаваат со некои спортови, бидејќи таквите уреди можат да ги измерат срцевиот ритам, нивото на стрес, сатурацијата на кислород во крвта, па дури и температурата или крвниот притисок.

 

 

Но, што ако немате ниту еден од тие уреди и сепак сакате да водите сметка за вашето здравје?

Google дизајнираше апликација што ќе им го овозможи ова на сите корисници на паметни телефони.

Loading...

Како што објавија, од следниот месец, апликацијата Google Fit ќе биде достапна за корисниците на телефоните Pixel, а потоа и за другите корисници на Android.

 

 

Апликацијата може да ги измери стапката на дишење и отчукувањата на срцето со помош на предната или селфи камера. Значи, доволно е да го потпрете телефонот на нешто, така што фокусот на камерата е главата и горниот дел од телото и да дишете нормално, а апликацијата ќе ја пресмета фреквенцијата на дишењето.

За да го измерите пулсот, доволно е да го ставите прстот на задната камера.

Гугл истакнува дека нивните мерења не служат за медицински цели, но можат да послужат како индикатори дека нешто се случува во организмот.

 

Loading...

Leave a Reply