НАПРАВЕТЕ САМИ: Универзално средство за чистење

Сподели со своите пријатели

Хемиските средства со кои секојдневно ги чистиме бањата и кујната можат лошо да влијаат на нашето здравје. Некои од средствата предизвикуваат и сериозни алергиски реакции. Доколку имате вакви проблеми направете средство одприродни состојки кои ги имате во домот.

Loading...

Како се прави?

Се што ви е потребно е алкохолен оцет, вода и малку кора од лимон. Во шише со прскалка сипете половина литар вода и исто толку алкохолен оцет.

Со оглед дека алкохолниот оцет има силен мирис можете да додадете кора од лимон или неколку капки етерично масло. Протресете. Со оваа средство можете да чистите санитарии во бањата, судоперот и работни површини во кујната.

Сода бикарбона секогаш добро решение

Нема да погрешите доколку сода бикарбона користите за чистење на сјајните површини. Едностано измешајте ја со малку вода и смесата додадете ја на валканите површини.

Оставете да делува 15 минути и измијте со вода. Избришете со сува крва. Чешмата и санитариите ќе светнат како никогаш претходно.

Leave a Reply