Наполи ќе се жали на апелација за службениот пораз од Јувентус

Сподели со своите пријатели

Наполи подготвува жалба против одлуката Серија А на клубот да му додели службен пораз затоа што не се појавил на натпреварот против Јувентус, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Loading...

Наполитанците исто така ќе поднесат жалба против одлуката да му се одземе еден бод на тимот.

Апелацискиот суд на спортот ќе ја разгледа апликацијата на „наполитанците“ или кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

За потсетување, Наполи загуби со службен пораз бидејќи не се појавил на натпреварот против Јувентус. Наполитанците своето отсуство од Торино го објаснија со фактот дека локалните власти им забранија да летаат кон Торино за посочениот натпревар.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply