Напнато на Корејскиот полуостров. Сеул му возврати на Пјонгјанг со вежби

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја денеска одржа ракетни воени вежби како одговор на севернокорејските ракетни лансирања, соопшти јужнокорејската војска.

Loading...

Во соопштението се наведува дека вежбите ги покажале способностите на системите за противвоздушна одбрана, вклучително и системите Чеонгунг-II и Патриот, во западното крајбрежно подрачје на Јужна Кореја, објави Јонхап.

Војската посочува дека вежбите се одржани за да се покажат воени способности и силна решеност веднаш да се одговори на заканите од Северна Кореја.

Јужна Кореја има домашен ракетен систем со среден дострел „Чеонгунг-II“ и систем „Патриот“ од американско производство, кој има способност да соборува цели на надморска височина до 40 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Руската Федерација ја одобри ратификацијата на договорот за партнерство со Северна Кореја

Во вторникот, Северна Кореја лансираше неколку балистички ракети со краток дострел, според Сеул, пренесува Танјуг.

Претходно во средата навечер, Пјонгјанг лансираше интерконтинентална балистичка ракета кон морето од својот источен брег, соопшти јужнокорејската војска.