Тројцата израелски заложници кои во петокот по грешка беа убиени од војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Газа, претходно користеле остатоци од храна за да напишат СОС повик за помош, соопштија денеска израелските одбранбени сили.
Во соопштението се наведува дека тројцата мажи, заложници на Хамас, извесно време останале во зградата до која биле убиени, јавува Би-би-си.
Во меѓувреме, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека најмалку 90 луѓе биле убиени во израелските воздушни напади во бегалскиот камп Џабалија во неделата, но Би-Би-Си не може да ја потврди точноста на овие тврдења.
Во израелските воздушни напади беше погоден и станбен блок во кој беа сместени две семејства, соопшти Министерството.
Се верува дека околу 120 заложници сè уште држат Хамас и други групи кои ја поддржуваат организацијата во Појасот Газа, ставајќи ги израелските власти под зголемен притисок да постигнат договор за ослободување на луѓето.
Израелските власти признаа дека ликвидацијата на тројцата мажи, заложници кои држеле бело знаме зад натписот СОС, било прекршување на „правилата за служба“.