Откако минатата година беше осуден пред федералниот суд, десничарот теоретичар на заговор кој со чекан го нападна сопругот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, демократката Ненси Пелоси, беше прогласен за виновен во петокот пред државниот суд во Калифорнија за повеќе обвиненија, објавија денеска американските медиуми.
Поротата во Калифорнија го осуди Дејвид Депејп за киднапирање, кражба, ограничување на слободата на движење, заканување на член на семејството на јавен службеник и заплашување на сведок, пренесува Ројтерс.
Осудата во државниот суд во Калифорнија би можела да му ја продолжи затворската казна на Депап, иако тој во мај беше осуден на 30 години затвор за обид за киднапирање и напад на член на семејството на федерален вработен.
Депапе (44) упадна во домот на Пелоси во Сан Франциско и го удри Пол Пелоси со чекан во раните утрински часови на 28 октомври 2022 година, додека Ненси Пелоси сè уште беше претседател на Претставничкиот дом на САД.
Државните обвиненија против Депапе потенцијално носат можна казна доживотен затвор.