Напаѓачот на писателот Салман Ружди, 24-годишниот Хади Матар, денеска за време на сослушувањето се изјасни за невин за повторно обид за убиство и му беше одреден притвор без кауција.
Во петокот го избодел Ружди (75) непосредно пред авторот на „Сатански стихови“ да одржи предавање во едукативен центар во близина на езерото Ири, пренесува Ројтерс.
Во саботата, Матар, исто така, се изјасни за невин за обид за убиство и намера да предизвика физичка повреда со смртоносно оружје, според Си-Ен-Ен.
Матар е обвинет во обвинението за округот Шатоква, вратено претходно во текот на денот од страна на големата порота која го товари за обид за убиство од втор степен, што предвидува максимална казна од 25 години затвор.
Ројтерс потсетува дека Ружди бил хоспитализиран со сериозни повреди по нападот, што писателите и политичарите ширум светот го оценија како напад на слободата на изразување.