Масовното убиство во средно училиште во Грац го извршил 22-годишен поранешен ученик на тоа училиште, објави австрискиот јавен сервис ORF, повикувајќи се на наводите на дневниот весник „Salzburger nachrichten“.
Според извештајот во „Salzburger Nachrichter“, сторителот е поранешен ученик на училиштето кој со себе имал две оружја – пиштол и пушка.
Пукал во својата поранешна училница, објави весник од Салцбург.
Наводно, оружјето го поседувал легално, а едно од оружјата го купил само пред неколку дена.
Градоначалникот на Грац изјави дека има вкупно десет жртви од пукањето во средното училиште.
Полицијата претходно објави дека девет лица се мртви, од кои седум биле ученици, еден наставник и сторителот кој извршил самоубиство.