Нападнато седиштето на Јутјуб, пукотници се слушаат од зградата која е под опсада (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е акција на полицијата во седиштето на Јутјуб во Сан Брун, место јужно од Сан Франциско поради „активен напаѓач“. Најмалку пет лица се транспортирани со возила на итната помош во болница, јавува CNN повикувајќи се на изјави од официјални лица. Природат ана нивните повреди засега не е позната.

Loading...

Полицијата објави дека „одговара на повиците“ дека во седиштето на Јутјуб се наоѓа активен напаѓач, а граѓаните ги замоли да ја избегнуваат таа област. Околните улици се затворени. Според непотврдени информации на локалните медиуми, напаѓачот е жена.

Еден од вработените твитнал дека слушнал пукање и видел луѓе како бегаат. На почетокот напишал дека е забарикадиран во својата канцеларија, но подоцна навел дека е евакуиран. Одредени луѓе на Твитер пишуваат и дека слушнале пукања. Една вработен на Твитер напишала дека при евакуацијата видела траги од крв на скалите.

CNN пренесува дека на лице место има голем број екипи на итната помош и полиција. Еден број од вработените со полициска придружба излегува еден по еден.

Од Гугл, сопственикот на Јутјуб, соопштуваат дека се истражуваат „можни пукотници“.

Вработените објавуваат дека луѓето биле во паника, некои од нив наведуваат дека во почетокот мислеле, кога многумина трчале низ ходниците дека се работи за земјотрес.

Седиштето на Јутјуб го надлетува и хеликоптер.

Leave a Reply