Полицијата Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.В. (24) и Б.С. (25), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавените, на 20.05.2017 година на стариот локален пат за манастирот Св.Јоаким Осоговски, движејќи се со патничко возило „пежо“, го пресретнале С.П., кој како такси возач управувал патничко возилои „Опел вектра“, во кое како патници се превезувале И.М. и А.М. и се обиделе физички да ги нападнат.
Пријавените со метална шипка удирале и го оштетиле возилото кое го управувал С.П.. Поради тоа оштетените биле принудени со возилото да бегаат.