Нападнат политичар во Германија: Избоден кандидатот за локалниот совет на AfD

Сподели со своите пријатели

Кандидат за локален совет на АфД беше нападнат со нож во вторникот доцна навечер во германскиот град Баден-Виртемберг.

Loading...

Политичарот е повреден, а напаѓачот е уапсен, пренесува Билд.

Според германскиот весник, инцидентот се случил во 22:45 часот во близина на пазарот, откако кандидатот на АфД го фатил напаѓачот како го кине плакатот, соопшти окружното здружение на АфД.

Кога се соочил со него бил нападнат и повреден со нож.

Политичарот на АфД сè уште е во болница, но, наводно, претрпел само исеченици.

Портпаролот на партијата зборуваше за нападот на левичарските екстремисти.

„Шокирани сме и ужаснати“, изјави членот на партијата АфД, Маркус Фронмаер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја објавија првата снимка од носач на дронови и хеликоптери. Се гледа е и „невидливиот“ дрон