Нападнат конвојот на премиерот на Либија

Сподели со своите пријатели

Вооружени лица го нападнаа конвојот на либискиот премиер Абдул Хамид во Триполи, јавуваат либиските медиуми.

Loading...

Нападот се случи во четвртокот рано наутро, додека привремениот либиски премиер се враќал дома.

Еден куршум го пробил прозорецот на автомобилот во кој бил премиерот, но возачот и тој останале неповредени.

Хамид е под притисок да поднесе оставка, а обидот за атентат може да ја продлабочи кризата и да ја врати Либија во граѓанска војна, наведуваат медиумите.