Два вооружени беспилотни летала ја нападнаа ирачката воздухопловна база Аин ал Асад, во која се сместени американските сили, но нема жртви или штети, изјавија денеска за Ројтерс безбедносни и владини извори во Багдад.
Во понеделникот со четири ракети од типот „Качуша“ беше извршен напад врз воздухопловната база Аин ал Асад, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили во западен Ирак, соопштија безбедносни извори, а не се знае дали има дали има жртви или штети во овој напад. , според британската агенција.
Ракетите биле истрелани од пустинска област на околу 25 километри северно од базата, а ирачките безбедносни сили започнале потрага по напаѓачите, соопштија два безбедносни извори.
Нападите врз американските сили во Ирак се интензивираа откако на 7 октомври избувна конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.
Ирачките милитантни групи поврзани со Иран се заканија дека ќе ги гаѓаат објектите што ги користат САД со проектили и беспилотни летала доколку Вашингтон му помогне на Израел во неговата војна против Хамас во Појасот Газа, според Ројтерс.