Напад со руски дрон во Долинска, повредени мајка и нејзините две деца

Сподели со своите пријатели

Напад на руски дрон во текот на ноќта погоди станбена зграда во градот Долинск во централна Украина, при што се повредени мајка и нејзините две деца и принудени се на евакуација на 38 станови, изјави денеска регионален претставник, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Тешка ноќ за регионот Кировоград. Непријателско беспилотно летало погоди катна зграда во Долинскаја. Мајката и едно од децата се пренесени во болница“, изјави гувернерот на регионот Андриј Раикович во објава на социјалните мрежи.

Тој изјави дека на второто дете – девојче – не му е потребна хоспитализација.

Тој објави фотографии од пламенот кој излегува низ прозорците на една висококатница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Да ја имавме администрацијата на Бајден уште една година, ќе бевте во Трета светска војна

Украинската војска денеска соопшти дека Русија лансирала 176 беспилотни летала во напад од големи размери.

Украинските воздухопловни сили соборија 103 беспилотни летала, од кои 67 не стигнаа до целите, најверојатно поради електронски контрамерки, соопшти војската.

Не беше прецизирано што се случило со преостанатите шест беспилотни летала, но беше речено дека биле погодени регионите Кировоград, Харков, Киев и Черкаси.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека остатоци од дрон паднале во една од областите на главниот град, предизвикувајќи пожар во индустриско претпријатие.

Loading...

Ројтерс не беше во можност независно да го потврди извештајот.

Од Русија немаше коментар.

И Москва и Киев негираат дека целеле цивили во војната, која Русија ја започна со инвазијата на Украина пред речиси три години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва: Британскиот план за испраќање војници во Украина е неприфатлив

Илјадници цивили загинаа во конфликтот, огромното мнозинство од нив Украинци.

Високи руски и американски претставници денеска се состануваат во Саудиска Арабија на разговори – без учество на Киев или неговите европски сојузници – за тоа како да се стави крај на војната во Украина.