Напад со нож во градинка во Кина, страдаа три деца и тројца возрасни

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, соопшти полицијата за Би-Би-Си.

Loading...

Три деца загинаа, а другите жртви се учител и двајца родители, пренесе АФП, повикувајќи се на локален градски претставник.

Полицијата соопшти дека уапсила 25-годишен маж и ги истражува причините за нападот.

Засега ништо не се открива за жртвите, но се нагласува дека нападот бил со предумисла. Нападот се случил утрово во 07:40 часот по локално време.

Нападот предизвика бурни реакции на кинеските социјални мрежи, каде корисниците најмногу оставаа коментари во кои се вели дека се „шокирани“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Америка се префрли на страната на мирот, зошто Макрон мисли дека е можно да се добие војната во Украина

Ваквите злосторства се релативно ретки во Кина, но во последниве години имаше голем број напади со нож, вклучително и неколку во училиштата.