Намирници богати со цинк за силен имунитет

Сподели со своите пријатели

Цинкот е минерал што спречува појава на алергии, ја намалува депресијата, стимулира раст, забрзува зараснување на рани, има антивирусно и антибактериско дејство, а една од главните функции му е зајакнување на имунитетот.

Loading...

Доколку имате некои од овие симптоми, значи се соочувате со недостиг од цинк: проблеми со желудникот, импотенција, паѓање на коса, ослабна имунолошки систем, сува кожа и слично.

На оваа листа се наоѓаат намирници што се богати со цинк и со нивна редовна употреба ќе ги надоместите сите потреби од овој минерал во телото:

Говедско месо – од едно просечно парче говедско месо се добиваат околу пет милиграми цинк

Јагнешко месо – едно парче од ова месо има четири милиграми цинк што е половина од потребната количина на една жена

Слануток – една шолја слануток содржи 2,5 милиграми цинк

Грчки јогурт – во една шолја грчки јогурт, исто така, има 2,5 милиграми цинк

Индиски ореви – тие содржат голема количина на цинк без оглед на тоа дали се сирови или печени

Loading...

Чедар кашкавал – освен што е вкусен и може да се консумира на различни начин, овој кашкавал е богат со цинк

Leave a Reply