Џема Хил го изгубила својот личен тренер поради недоразбирање.
Таа објасни сè на видеото што го објави на ТикТок и кое брзо стана вирално.
Таа ги следела упатствата на нејзиниот тренер кој им рекол на клиентите во теретана да се фотографираат пред секој тренинг. Џема се прашувала зошто тренерот би сакал да ги погледне нивните фотографии во долна облека пред тренингот. Иако и било непријатно, таа го послушала неговиот совет и се фотографирала почитувајќи ги правилата – без напикање на стомакот и без добри агли.
„Тој ни рече секогаш да се фотографираме пред тренинг и јас го сторив тоа“, рече Џема.
Џема му испратила фотографија од својата долна облека до тренерот, но тогаш сфатила каква грешка направила.
„Еј, извини, Џема, но мислев дека се сликаш за себе, а не да ми ја испратиш мене. Така можеш да го следиш својот напредок”, напишал тренерот како одговор на фотографијата на нејзината долна облека.
„О Боже, извини. Но мислев дека треба да ти го испратам тоа на тебе. Колку е срамно. Извини”, одговорила Џема, а тренерот одговорил: „Јас не барам од клиентите да ми испраќаат мене нивни фотографии во долна облека. Вечерав со девојка ми. Сега таа ме прашува која е оваа жена “.
Откако Џема ја сподели приказната на ТикТок, голем број на луѓе коментирале затоа што многумина ја направиле истата грешка како неа.
@radiogemmahillHow do I go back ? #PT #gymfail #mumsoktiktok #gym #gym #over30 #fitlovers #fitnessfunny♬ Send Me on My Way – Vibe Street