Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Намалена видливост поради магла 50 – 100 м има кај Страцин, Кула, Делчево и Смојмирово.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

