Во организација на Кик боксерска федерација на Македонија викендов во салата Борис Трајковски во Скопје се одржа државно првенство во кик бокс дисциплини во сите категории и возрасти. Учество зеде и ММА Куманово 2006 со свои преставници и постигнаа добри резултати.
Имено Филип Наковски освои златен медал и стана државен првак во дисциплината Лоу Кик категорија -86кг. Тој во финалето се сретна со Мартин Матиќ од КБК Гладијатор Неготино и го совлада на поени во една гладијаторска борба во која Мартин беше и во нокдаун во III рунда со што ги освои симпатиите на публиката во салата Борис Трајковски и на клубот и градот му донесе уште еден медал. Учество зедоа во младите категории Јосиф Илиевски и Грегори Крстевски.
-По пауза од 2 месеци и пропуштени неколку првенства на домашна и меѓународна сцена поради финансиски проблеми што ги имаше клубот повторно се вративме на домашната сцена и забележавме добри резултати. Севкупно сум задоволен од резултатот и очекуваме и успех во иднина рече тренерот и проф.по физичка култура Сашо Илиевски.